Русија сериозно и се закани на Јапонија

LinkSense.mk

РУСИЈА ја предупреди Јапонија и се закани со „одмазднички мерки“ доколку заедничките поморски вежби со САД се прошират на источните граници на Русија, пишува Си-Ен-Ен.

Оваа закана е само продолжение на конфликтот Москва-Токио. Москва е бесна што Јапонија и даде недвосмислена поддршка на Украина и се приближува до земјите-членки на НАТО. Русија и Јапонија, всушност, имаат нерешени односи од крајот на Втората светска војна поради островите кои тогаш беа окупирани од советските сили.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Игор Моргулов изјави во вторникот дека американско-јапонските поморски вежби се „потенцијално офанзивни по природа“, според извештајот на руската државна новинска агенција РИА-Новости.

Ваквите постапки на јапонската страна ги гледаме како закана за безбедноста на нашата земја“, рече Моргулов. „Доколку таквата практика се прошири, Русија ќе преземе одмазднички мерки во интерес на зајакнување на своите одбранбени способности.

Сепак, тој не прецизираше за кои американско-јапонски вежби станува збор, ниту експлицитно наведе како би можело да изгледа руската одмазда. Јапонија и САД имаа вежби во Источното Кинеско Море Морнарицата на САД и Јапонија минатата недела ги завршија заедничките вежби во Источното Кинеско и Филипинското Море.

Претходно во месецот, американската војска спроведе слични заеднички вежби во Јапонското Море, каде Русија има долг брег.

Според американската морнарица, САД и Јапонија рутински одржуваат заеднички поморски вежби во Индо-Пацификот за „да се одржи стабилноста во слободниот и отворен индо-пацифички регион“.