Руската вакцина „Епиваккорона“ ќе биде на пазарот од следниот месец

– Вакцината против Ковид-19 – „Епиваккорона“, изработена од Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, би можела да биде пуштена во цивилна циркулација уште следниот месец, изјави директорот на центарот, Ринат Максјутов.

– Веќе произведовме 35.000 дози вакцини и планираме до крајот на годинава да произведеме 50.000 дози. Околу 5.000 дози се дадени за пострегистрациски клинички тестирања, а остатокот ќе биде пуштен за цивилна употреба, истакна Максјутов, додавајќи дека очекува поголемиот дел да се најде на пазарот следниот месец.

Според него, првата серија вакцини, која ќе биде за цивилна употреба, веројатно ќе биде тестирана во институциите на Министерството за здравство најрано на 7-8 декември.

– Трошоците за двете руски вакцини против коронавирусот, Спутник V и Епиваккорона, ќе бидат речиси исти, нагласи Максјутов.

Се очекува наскоро во Русија да биде регистрирана уште една вакцина, која ја развива Федералниот научен центар за истражување и развој на имунолошки и биолошки производи при Руската академија на науките Чумаков.

Вакцинацијата во Русија ќе биде бесплатна.