Руската Сбербанк си заминува од Хрватска

LinkSense.mk

Од Сбербанк Европа известија за продажбата на своите подружници во Хрватска, Босна и Херцеговина, Унгарија, Србија и Словенија на белградската АИК Банка, словенската Горењска банка и на Агри Европа од Кипар.

Сбербанк Европа, имено, потпишала договор со АИК банка од Белград, Горењска банка од Крањ, која е во сопственост на АИК, и со кипарската Агри Европа за продажба на своите 162 банкарски подружници во Босна и Херцеговина, Хрватска, Унгарија, Србија и Словенија, кои сервисираат околу 600.000 клиенти.

Како што наведуваат од Сбербанк Европа, одлуката за намалување на својата географска присутност во средишна и источна Европа ја донеле за да можат да се насочат на своите клучни пазари и да испитаат нови деловни модели. Сбербанк Чешка, велат, останува во нивна сопственост и ќе продолжат да работат согласно својот усвоен деловен модел.

После детална анализа на неколку опции, трансакцијата со српската АИК Банка, словенската Горењска банка и Агри Европа од Кипар се покажала како најатрактивна од перспектива на Сбербанк Европа АГ, велат од банката, и додаваат дека купувачите во значителна мерка се присутни во регионот и имаат јасна визија за идниот развој и, исто така, го поддржуваат понатамошниот раст на банките, со што се осигурува дека клиентите и понатаму ќе можат да сметаат на услугите од ист висок степен на квалитет.

Заклучувањето на трансакциите подлежи на одобренија на националните и меѓународните регулатори како и на националните тела за заштита на пазарниот промет, што се очекува да заврши во 2022 година.

Од руската банка летово најавија дека имаат намера да се повлечат на година-две од европскиот пазар, како и тоа дека во наредните две години планираат да го продадат мнозинскиот дел во „Фортенова“, во чиј склоп работи и „Меркатор“. Банката, инаку, беше најголем кредитор на поранешниот „Агрокор“, а по постигнувањето на договор со стечајната управа на компанијата ја превзеде контролата на речиси 40 отсто од активата на должникот.

Сбербанк во Хрватска е присутна од 2012 година, откако Сбербанк Европа ја купу Волксбанк Интернационал, во која спаѓа и Волксбанк Хрватска. Банката има 31 подружница и на домашниот пазар е осма по уделот во вкупната актива на хрватскиуот банкарски пазар.

Сбербанк Европа АГ со седиште во Виена е банковна група во целосна сопственост на Сбербанк Русија. Кон крајот на минатата година вкупниот имот на Сбербанк Европа беше проценет на 13 милијарди евра, банката имаше 800.000 клиенти, управуваше со 187 подружници и вработуваше повеќе од 3.900 вработени.

Сбербанк Русија, пак, е најголема руска банка, на која и припаѓа речиси една третина од рускиот банкарски пазар, а банката е воедно и клучен кредитор на националната економија во Русија. Мнозински е во државна сопственост, руската влада поседува 50 отсто плус една акција со право на глас.