Руски авион принудно слета во Сибир, 23 повредени

Руското министерство за одбрана соопшти утринава дека при принудно слетување на воен авион „Иљушин 18“ на територијата на Република Јакутија во Сибир, повредени се 23 лица.

Повредените се префрлени во болницата во Тискио.

Тројца војници се во тешка здравствена состојба, 13 претрпеле сршеници на рака или нога, а останатите се задржани заради медицинско испитување.

„Војниците и членовите на екипажот од местото на несреќата се евакуирани со хеликоптери“, соопшти руското министерство.

Авионот, во кој имало седум членови на екипажот и 32 патници, полетал од Канск и принидно слетал околу 4,45 часот по московско време, на околу 30 километри од аеродромот во Тискио.