Руски воени бродови пловат кон Сирија

Корвета“ од Балтичката флота „Стојки“ и танкер „Кола“ минаа низ Суецкиот канал и се упатија кон сириското пристаниште Тартус, соопштија од прес службата на флотата.

„’Корветата’ и танкерот, кои извршуваат задачи на долга пловидба минаа низ Суец. Моментно руските бродови пловат кон Сирија, каде што следните денови ќе ги надополнат резервите од вода и храна, а исто така ќе изведат планирани превентивни прегледи на бродовите и екипажот ќе направи одмор“, се наведува во соопштението.

Корветата“ во Индискиот океан изведе неколку десетици различни воени вежби, вклучувајќи и противвоздухопловна и противбродска одбрана, додека антитерористичките групи изведоа вежби против пиратски напади. Бродот впловуваше во пристаништа во Иран, Оман и Судан.

Одред бродови од Балтичката флота во чиј состав се „Корветата“, средниот морски танкер „Кола“ и „Јаков Гребељски“ испловија од базата во Балтијска на 16 декември заради извршување на планирани задачи на долга пловидба.

Минатата недела Суецкиот канал беше блокиран шест дена после што гигантскиот товарен брод „Евен Гивен“ заглави во каналот и го попречи минувањето на бродовите низ овој теснец што води кон Азија. Товарниот брод долг 400 метри и широк 59 метри, после удар од ветер којшто му го промени курсот, накосо се насука во каналот на место широко помалку од 300 метри.

Бродот се придвижи во понеделникот на 29 март после што пловидбата низ Суецкиот канал продолжи нормално.