Специјален руски медицински одред, врз основа на наредбата на претседателот на Русија, Владимир Путин, тргна за Алепо, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
„Во областа на сирискиот град Алепо се пренесува болница, опремена со современи модули на надувување“, стои во соопштението.
Болницата ќе има приемно одделение со амбуланта, специјално терапевтско одделение за деца, хируршко одделение и одделение за анестесиологија, рентген кабинет, лабораториска дијагностика и специјализирана медицинска помош.
Во составот на медицинскиот одред се и педијатри и акушери.