Три лица загинаа, а дванаесет се ранети во ноќта од вторник кон среда во руското бомбардирање на Селидова, во близина на Доњецк, на истокот на Украина, соопштија локалните власти.
Во нападот се погодени девет станбени згради и болница лоцирана на дваесетина километри западно од бојното поле, објави градскиот совет на Телеграм.
Едно дете е меѓу загинатите, а четири се ранети, информираат тие.
Според гувернерот на регионот Доњецк, Вадим Филашкин, првиот напад се случил околу 23.30 часот, а вториот околу 1 часот после полноќ.
Стотина пациенти од погодената болница се евакуирани во болниците во Покровск и Мирноград, додаде тој на Телеграм.
Ниту еден извор не прецизира точно за каков напад станува збор – ракетен, артилериски или напад со беспилотни летала.
Градот Селидова, кој пред војната имаше околу 21.000 жители, се наоѓа во околината на Доњецк, кој во 2014 година беше окупиран од Русија.
Руската воздушна одбрана соборила два украински дрона над Белгород, во близина на границата со Украина, еден е соборен над Воронеж, а шест над Црното Море, објави агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на извори од руското Министерство за одбрана.
Според гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, една жена е ранета и задржана в болница на лекување.
Ниту Гладков, ниту руското Министерство за одбрана не извесуваат за можни штета.
(Фото: Илустрација / Архива)