Руски научник тврди: „Спутник В“ е ефикасна против различни соеви

Руската вакцина „Спутник В“ е ефикасна против британските, јужноафриканските и бразилските соеви на ковид-19, изјави денес Александар Гинцбург, директор на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ при руското Министерство за здравство.

„Во врска со соевите за кои денес на широко се дискутира, како што се британските, јужноафриканските и бразилските, кои моментно се во оптек и имаат епидемиолошки потенцијал, со голема доза на извесност можеме да кажеме дека ‘Спутник В’ пружа заштита од сите нив“, рече Гинцбург во интервју за рускиот „Канал Еден“.

Тој, меѓу другото, спомена и тоа дека не може да постои потполна гаранција дека вакцината ќе пружи заштита од сите слоеви кои во иднина можат да се појават.

Коментирајќи го сибирскиот сој Sars-CoV-2, Гинцбург рече дека центарот „Гамалеја“ не го проучувал.

„Очигледно тоа го проучувале нашите колеги од Роспотребнадзор (руската Федерална служба за надзор и заштита на правата на потрошувачите) и се надевам дека ќе создаде филогенетски стебла кои илустрираат како тие нови мутации, тие нови соеви, се поврзани со оние кои веќе циркулираат во Русија“, истакна тој.

(Фото: АП)