Руски хакери ги скараа Националната разузнавачка служба на САД и ЦИА

Управата на Националната разузнавачка служба на САД (ОДНИ) не ги потврди оценките на ЦИА според кои Русија, наводно, изведувала хакерски напади за да му помогне на Доналд Трамп да победи на претседателските избори, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на тројца американски службеници.

Иако Националната разузнавачка служба не ги негира анализите на ЦИА за руските хакерски операции, таа не ги поддржала изведените заклучоци поради отсуство на убедливи докази дека нападите биле насочени на поддршка на
Трамп, изјавил еден од соговорниците за агенцијата.

„Националната разузнавачка служба не вели дека ЦИА погрешила, се работи за тоа дека тие не можат да ја докажат таа намера“, ги пренесува агенцијата зборовите на својот извор.

Ројтерс наведува дека сличен став има и ФБИ.

„Таа приказна со хакерските напади личи на банална расправија меѓу американските безбедносни служби за сферата на влијанието“, коментираат раководни лица од Федералното биро.

Доналд Трамп изјавата за руско мешање во претседателските избори за негова поддршка ја оцени како смешна.