Рускоска го тужи ВМРО-ДПМНЕ и бара отштета од 10 илјади евра, ќе ги донира за СОС Детско село

Парите од тужбата за клевета против ВМРО-ДПМНЕ, ако ги добијам, ќе ги донирам за СОС Детското село, најави денеска шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Прво, нагласи таа, побарав извинување и повлекување на спотовите додека траеше предизборната камања.

– Тоа не се случи и од тие причини преку адовокат ја поднесов тужбата.

Сметам дека таа сума е реален износ, повеќе симболичен, а доколку со правосилна пресуда ми биде досуден износот, сакам да го донирам во СОС Детското село, изјави Русковска, одговарајќи на новинарски прашања за време на паузата на денешното судење за организаторите на „27 април“.

Преку тужба за клевета, Русковска бара 10 000 евра отштета од ВМРОДПМНЕ бидејќи партијата, ги користела нејзините име и лик во предизборната кампања.