РУСКО-УКРАИНСКА ВОЈНА: Четворица загинати во украинско гранатирање на руски пограничен град

LinkSense.mk

Украинските сили гранатираа руски град во близина на границата по трет пат во една недела, при што беа повредени четири лица, оштетени згради и запалени возила, изјави утринава гувернерот на регионот.

„Две лица се хоспитализирани како резултат на артилерискиот напад врз Шебекино“, изјави гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, на апликацијата за размена на пораки, Телеграм.

„Во гранатирањето, меѓу другото, искршени се прозорци и оштетени покриви на станбена зграда од осум ката, четири куќи и едно училиште“, посочи тој.

Гладков во понеделникот извести дека биле погодени два индустриски објекта во градот.

Во саботата рече дека бил под артилериски оган додека се обидувал да влезе во градот, кој е само околу седум километри северно од границата со Украина.

Белгород, кој се граничи со украинската област Харков, во последните месеци се почесто е цел на напади од украинските сили.

Локалниот координативен центар во областа Луганск, формиран од Москва, тврди дека четири лица загинале, а 16 се повредени во украинското гранатирање на селото Карпати.

Наводно, била погодена живинарска фарма. Двете страни негираат дека кога и да е, во 15-месечната војна што Русија ја започна во февруари 2022 година, стрелале во цивили.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Ројтерс / Олександр Ратушњак)