Рухани нареди проектирање нуклеарни бродови

Иранскиот претседател Хасан Рухани им даде налог на своите научници да направат план за изградба на бродови на нуклеарен прогон, но Белата куќа смета дека со ова не е прекршен иранската нуклеарна спогодба од 2015 година.

Рухани на овој начин реагираше на одлуката на американскиот Конгрес да ги продолжи некои од санкциите за Иран.

Белата куќа, меѓутоа, соопшти дека Иран од своја страна со ова не ја прекрши нуклеарната спогодба со светските сили од минатата година.

„Овој налог не е во спротивност со спогодбата, изјави еден функционер од американската администрација кој сакаче да остане анонимен“, пренесува Ројтерс.

Законот за продолжување на санкциите кој го усвои Конгресот само треба да го потпише претседателот Барак Обама, а донесен е во моментот кога уште се претпоставува како новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе се однесува кон ова прашање кога ќе стапи на должност следниот месец.

Нема многу време - Алиа Акбар Салехи од Иранската организација за атомска енергија, има рок од 90 дена за да направи проект за нуклеарен брод
Нема многу време – Алиа Акбар Салехи од Иранската организација за атомска енергија, има рок од 90 дена за да направи проект за нуклеарен брод

Рухани во писмо, кое е прочитано на државната телевизија, му дава на Алиа Акбар Салехи од Иранската организација за атомска енергија три месеци да подготви план за нуклеарни бродови и производство на гориво за нив.

Во одвоено писмо на министерот за надворешни работи Џавад Зариф му се наложува да „превземе акции по прашањето на кршење на американската нуклеарна спогодба“.

Џавад Зариф, министерот за надворешни работи, нема обврска да проектира бродови, тој внимава да не се прекрши нуклеарната спогодба
Џавад Зариф, министерот за надворешни работи, нема обврска да проектира бродови, тој внимава да не се прекрши нуклеарната спогодба

Споменатиот закон кој е донесен првпат во 1996 година и од тогаш продолжуван неколку пати, и овозможува на Америка да наметне економски санкции на компаниите кои имаат бизнис релации со Иран.

Белата куќа законот го опиша како непотребен, но соопшти дека тој не ја крши меѓународната спогодба која шест светски сили ја потпишаа со Иран и се очекува дека Обама ќе го потпише законот.

Споменатата меѓународна спогодба со Иран ја скратува можноста да се збогатува ураниум во замена за укинување на некои меѓународни санкции.

Иран, исто така, има право на мирновременски нуклеарни истражувања.

Кога станува збор за бродови на нуклеарен прогон, тие изгледа се дозволени со оваа спогодба во зависност од горивото кое ќе се користи, изјави Дејвид Мортлок, поранешниот директор за меѓународни економски прашања во
Советот за национална безбедност на Белата куќа, пренесува Ројтерс.

maketa

nuklearen-brod