САД го зајакнува притисокот врз Северна Кореја

Носачот на авиони „Роналд Реган“, кој се наоѓа на чело на ударната група на Воената морнарица на САД, ја напушти базата Јокусока после поправка на дефектите, јави агенцијата „Кјодо“.

Групата носачи на авиони исплови од пристаништето со закаснување од еден ден. За каков дефект се работело, како и за правецот на движење на бродовите, не е издадено никакво соопштение.

Според наведените информации, наредбата за тргнување која е издадена претходно може да биде поврзана со растот на затегнатоста околу Северна Кореја, која на 14 мај успешно тестираше балистичка ракета во зоната на Јапонското море.

Во овој момент кај Корејскиот полуостров веќе се наоѓа ударната група на Воената морнарица на САД на чело со атомскиот носач на авиони „Карл Винсон“. Во нејзиниот состав се наоѓаат три бродови, еден крстосувач и два ракетни разорувачи. Во регионот се забележани и неколку американски подморници.

„Роналд Реган“ од ноември минатата година, после долга пловидба, се наоѓаше на техничка проверка во Јокосука и во нејзиниот регион изведе краток тест-поход.