САД го осудија нападот врз рускиот амбасадор

Соединетите Американски држави го осудија нападот на амбасадорот на Русија во Турција, Андреј Карлов, на отварањето на руската изложба на фотографии во Анкара, соопшти Стејт Департментот.

„Осудуваме каков било облик на насилство, без оглед од каде потекнува“, наведуваат меѓу другото во соопштението од Стејт Департментот.