САД и Кина почнуваат преговори: Состанок на Блинкен и Ванг Ји

Соединетите Американски Држави и Кина преговараат за можен состанок на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, на министерскиот состанок на Г20 во Италија, следната недела, јави Фајненшел тајмс, повикувајќи се на извори вклучени во договорот за преговори.

Како што наведува весникот, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ги информирала колегите во Пекинг дека би сакала заменичката на државниот секретар на САД, Венди Шерман, летово да ја посети Кина.

Белата куќа одржала прелиминарни интерни дискусии за испраќање на Блинкен или на советникот за национална безбедност, Џејк Саливен, во Кина, подоцна оваа година, што би можело да биде подготовка за состанок меѓу Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг на маргините на Самитот на Г20 во Рим во октомври годинава, додава весникот.