САД: Политичарите кои вршат опструкции во Македонија ќе одговараат

 

Портпаролот на американскиот Стејт департмент во одоговор за Гласот на Америка на македонски јазик ја искомента политичката криза во Македонија.

За состојбата во земјава тој рече:

„Македонските граѓани избраа парламентарни претставници во декември, и постои јасно мнозинство во Собранието  што чека да формира Влада. Соединетите Американски Држави ги поттикнуваат македонските лидери да сторат се што можат за да се формира Влада без натамошно одлагање, за државата да може да продолжи со реформите потребни да стане полноправна членка на евро-атлантското семејство. Политичарите кои се обидуваат да го блокираат формирањето на Владата, ги обезвреднуваат владеењето на правото, демократските процеси и стабилноста на Македонија и регионот пошироко. Ние ќе работиме со нашите европски партнери на охрабрување на овие политичари, да престанат со нивните опструкции, вклучувајќи и земање на одговорност за нивните постапки.“