САД: Роберт Патинсон позитивен на коронавирус

Холивудскиот глумец Роберт Патинсон бил позитивен на тестот за коронавирус, пренесуваат „Венити фер“ и „Холивуд рипортер“, повикувајќи се на неименувани извори.

Поради тоа, и снимањето на новиот филм „Бетмен“ е прекинато, само неколку дена откако продолжи работата во студиото близу Лондон, Англија.

Продукциската куќа Ворнер Брос потврди дека снимањето на „Бетмен“ е привремено запрено и оти „еден член на тимот“ бил позитивен на Ковид-19, но не откри за кого станува збор.

Прикажувањето на филмот е закажано за 1 октомври 2021 година.