Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
„На територијата на Општина Илиден изречени се вкупно 136 мерки, од кои 27 за возење без возачка дозвола, 18 мерки за возење под дејство на алкохол, 15 за нерегистрирани возила, 5 санкции за користење на мобилен телефон. За неносење на заштитна маска изречени се 5 санкции“, информираат од МВР.
Засилените сообраќајни контроли ќе продолжуваат и во наредните денови.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, нагласуваат од МВР