Санкционирани 414 возачи во Скопје

На територијата на град Скопје, Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, изрече 414 санкции.

Од МВР информираат дека, 39 санкции се за технички неисправни и нерегистрирани возила, 20 мерки за користење мобилен телефон, 63 санкционирани пешаци, 68 мерки за непрописно паркирани возила и 19 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.