Саркози пак на обвинителна клупа

На поранешниот француски претседател Никола Саркози повторно му се суди. Денеска почна процесот во кој Саркози е еден од 14 обвинети, а се товари за илегално финансирање на претседателската кампања во 2012 година. Иако лимитот бил 22,5 милиони евра, постојат сомневања дека тој потрошил дури 44 милиони, учествувајќи на митинзи како да е „рок ѕвезда“.

Според наводите во овбинението парите биле обезбедени со лажни фактури кои ги издавала компанијата „Бигмалион“, задолжена за организирање на митинзи.

Се испливало на површина кога поранешниот заменик директор на „Бигмалион“, Жером Лаврије, ги откри неправилностите пред ТВ камерите. Лажните фактури за, наводно, извршени услуги биле испраќани на поранешната партија на десницата УМП, која така, фактички, финансирала дел од кампањата.

Саркози не е првообвинет и не се товари за организирање на оваа измама, но е осомничен дека имал придобивки од кривичното дело и дека не реагирал на забелешките на сметководителот дека многу се троши. Нему му се заканува казна затвор од една година.

Неговите адвокати демантираат дека кога и да е бил опоменат за расипништво, како и дека не може да биде повторно осуден, затоа што за истата афера веќе беше санкциониран од Уставниот совет на Франција.

Поранешниот претседател не беше обврзан денес да се појави пред судот, а ќе биде сослушан на 14 јуни. Предвидено е процесот да трае до 23 јуни.

Никола Саркози заради вмешаност во една друга афера, кон крајот на март е веќе осуден на три години затвор, од кои две условно, заради корупција и злоупотреба на влијание.

Тоа беше прв пат во современо време еден поранешен француски претседател да биде осуден.