Сасоли: Северна Македонија да го продолжи патот кон ЕУ

Претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, преку Твитер го честита изборот на премиерот Зоран Заев и новата влада.

– Честитки до Зоран Заев за неговиот реизбор за премиер на Северна Македонија. Да продолжиме со добриот напредок што земјата го оствари кон пристапување во ЕУ.

Европскиот Парламент секогаш ќе биде цврст поддржувач по овој пат, напиша Сасоли.