Сасоли „твитна“: Да почнат преговорите со Македонија за членство во ЕУ

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли по денешната средба со македонскиот претседател Стево Пендаровски во Брисел, на Твитер објави дека ја повторил силната поддршка на Европарламентот за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската унија.

„Одлична средба со Стево Пендаровски. Ја повторив непоколебливата поддршката на Европскиот Парламент за процесот на пристапување на Северна Македонија. Клучно е да се отстранат пречки за преговорите да започнат. Испораката на вакцини од ЕУ и Австрија е одличен сигнал во пресрет на ова“, напиша Сасоли на Твитер.

 

(Фото: МИА)