Сведоци на трагедијата во Берлин: Отиде во луѓето без кочење, беше страшно

Сведоци на трагедијата на Божикниот пазар во Берлин неведуваат дека камионот не запрел пред ударот и дека се движел со голема брзина.

Очевидци кажуваат дека долгиот камион одеднаш влетал во луѓето кои се наоѓале пред тезгите и со ред ги косел.

„Нема шанси ова да не е тероризам. Камионот без кочење се зари во толпата луѓе“, изјавуваат сведоци на нападот кој по многу нешта потсеќа на терористичкиот атак од јули оваа година во Ница кога камион, исто така, се втурна во луѓе и кога имаше повеќе од 80 загинати.

„Луѓето врескаа и трчаа на сите страни. Беше страшно. Никој не знаеше што се случува, не знаевме дали возчот има пиштол или некое друго оружје“, им изјавил сведок на медиумите.

Сведоците наведуваат и тоа дека виделе како луѓе неподвижно лежат под камионот.

Социјалните мрежи се преплавени од снимки од местото на настанот.

berlin-112