Светските берзи паѓаат …

LinkSense.mk

На светските берзи минатата недела цените на акциите паднаа бидејќи инвеститорите ги загрижија сигналите на американската Централна банка дека, со цел за сузбивање на инфлацијата, може агресивно да ја заостри монетарната политика.

На Волстрит, Дау Џонс (Dow Jones) падна за 0,3 отсто, на 34.721 поен, додека СиП 500 (S&P 500) падна за 1,2 отсто, на 4.488 поени, а индексот Насдак (Nasdaq) 3,9 отсто, на 13.711 поени.

Падот на индексот е последица на сигналот од ФЕД дека агресивно ќе ја заостри монетарната политика за да ја запре инфлацијата, која се движи на највисоките нивоа во последните 40 години.

Во март, ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за прв пат од 2018 година, за 0,25 процентни поени, а веќе во мај најверојатно ќе ги зголеми за дополнителни 0,50 процентни поени.

Записникот од неодамнешната седница на ФЕД покажа дека во наредните месеци може да се очекуваат агресивни зголемувања на каматните стапки и дека е постигнат начелен договор дека билансите на ФЕД, кои во борбата со корона вирусот пораснаа за неколку илјади милијарди долари, треба да се намалуваат за 95 милијарди долари месечно.

Сето ова покажува дека ФЕД е подготвен за поагресивен напад на инфлацијата отколку што се очекуваше, а заострувањето на монетарната политика би можело значително да го забави растот на најголемата светска економија, па дури, стравуваат инвеститорите, да предизвика и рецесија.

Инвеститорите се во дефанзива и поради војната во Украина и новите санкции на Западот против Русија, поради обвинувањата за воени злосторства над Украинците.

Не знаеме како ќе се реши ситуацијата во Украина, а не знаеме ниту колку агресивно ќе влијае ФЕД врз економијата. Затоа пазарот е неизвесен“, велат аналитичарите.

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)