Светски ден на здравјето, специјална награда од МЛД за Македонското здружение на инфектолози

Специјалната награда од Македонското лекарско друштво по повод Светскиот ден на здравјето – 7 Април, ја доби Македонското здружение на инфектолози за секој поединец инфектолог во првите борбени столбови во пандемијата со Ковид-19.

Проф. д-р Елена Трајковска Докиќ, проф. д-р Сашко Јовев, прим. д-р Гордана Кузмановска и прим. д-р Елизабета Зафировска, пак, се добитници на повелбата „Трифун Пановски“.

-Денеска е 7 април, интернационален ден на здравјето. За жал славењето и честитките околу овој наш празник е покриен со мрачниот вел на пандемијата Ковид-19 и Македонското лекарско друштво (МЛД) кое влегува во 76 година на своето постоење мораше да ги модифицира своите задачи и дејности, соопшти МЛД

Се заблагодаруваат на лекарите и здравствениот персонал за напорите во борбата против пандемијата.

Македонското лекарско друштво им оддава голема почит и благодарност на сите лекари и здравствен персонал кои се вклучени во борбата со Ковид-19 и нашата порака и молба до вас драги колешки и колеги, продолжете да вложувате натчовечки напори во борбата против пандемијата, внимавајте на вашето здравје и на вашите најблиски во вашата професионална работа бидејќи вие сте чувари на здравјето на секој поединец во нашата држава, наведуваат од МЛД.