Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Свечености по повод Денот на Републиката – 2 Август
Македонија

Свечености по повод Денот на Републиката – 2 Август

јули 29, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По повод празникот Денот на Републиката, на 2 август, Организациониот одбор за прослава на празникот при Владата на Република Македонија, во координација со Собранието на Република Македонија и со Претседателот на Република Македонија организира голем број свечености, чествувања и обраќања.

Настаните по повод 114 годишнината од Илинденското востание и по повод 73 годишнината од првото заседание на АСНОМ, ќе отпочнат на 2 авуст, во 8 часот, во црквата Свети Спас во Скопје каде што пред присутните гости ќе се обрати Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.

Програмата потоа продолжува со заедничко чествување и со полагање венци со свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев, во дворот на црквата, од страна на Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и Претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов.

Свеченостите по повод Денот на Републиката продолжуваат со активностите на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов во 10:00  и во 10:10 часот ќе положи венци со свежо цвеќе пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев.

Во 10 часот и 25 минути, Претседателот Иванов ќе се поклони пред споменикот на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто и ќе има свое обраќање.

Во Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце, во 11 часот, на свеченоста по повод првото заседание на АСНОМ ќе говори Заменикот претседател на Владата на Република Македонија задолжен за еконмски прашања д-р Кочо Анѓушев.

Централното одбележување на Денот на Републиката 2 август и државните почести по повод годишнината од Илинденското востание, ќе се одржат на Мечкин Камен во Крушево.

Делегација на Собранието на Република Македонија во 9 часот и 30 минути ќе положи свежо цвеќе на гробот на Претседателот на Крушевската Република Никола Карев, а во 10 часот венци свежо цвеќе ќе бидат положени и пред Споменикот на хеорите во месноста Слива.

Пред почетокот на големиот Народен собир на Мечкин Камен кој ќе отпочне во 12 часот, во храмот Свети Никола ќе биде одржана панихида.

Отворањето на програмата на Народниот собир на Мечкин Камен ќе започне со пристигнувањето и поздравот на коњаницата, по што ќе следува церемонијата на положување свежо цвеќе на Споменикот на бранителите на Крушевската Република и со интонирање на химната на Република Македонија.

На Народниот собир пред присутните гости ќе се обрати Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

Програмата на Народниот собир потоа ќе продолжи со пригодна културно-уметничка програма.

Лајтмотивот на сите чествувања по повод празникот Денот на Републиката  е „Наша Македонија – без разлика на вера, етничка припадност, пол и убедувања. Бидејќи од дедо – прадедо си живееме како браќа и сестри на оваа земја! За право, за слобода и за човечки живот“, кој е инспириран од Крушевскиот манифест.

актуелно АСНОМ Бојко Борисов Влада на РМ Зоран Заев мечкин камен
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.