СВР Тетово започна со повлекување на полицајците од Урвич каде требаше да се почне градба на водовод

Портпаролот на Секторот за внатрешни работи Тетово Фатмир Реџепи одржа прес-конференција на која соопшти дека полициските службеници започнале повлекување од местото каде е планирана изградба на водовод за селото Синичане. Таму полицијата беше во текот на денот со цел да се спречи конфликт помеѓу месното население од Синичане и од Урвич кои не дозволуваат да се користи извор за вода во нивни атар.

-Околу 20 часот е дадена наредба полициските службеници да се повлечат од местото, но тоа се прави постепено поради превозот и нивно заминување во полициските станици. Од страна на обвинителка е дадена наредба, дозвола да се продолжи со работа на водоводот но во меѓувреме има и предистражна и истражна постапка каде ќе се согледа соодветната документација и ќе биде побарано од општината или кој ќе
биде носителна проектот да достави соодветни документи во врска со изградба на овој водовод, истакна портпаролот Фатмир Реџепи.

Тој образложи дека присуството на полицијата било таму по барање на жителите на Урвич.

-Според истражните постапки, работата на полицијата се спроведува во координација со Обвинителството и работи според нејзините наредби, затоа сакам да ја известам јавноста дека присуството на полицајците на гореспоменато место се случило само заради барање на жители на околните села особено селото Урвич, со цел да се одржи мирот, редот и безбедноста на граѓаните. Секако, ќе се почитуваат наредбите на обвинителството, кое донесе одлука како ќе се одвива ситуацијата.Исто така, ние како полиција ќе бидеме претпазливи и професионални и ќе ја понудиме нашата помош секогаш кога тоа ќе биде потребно и кога и да се побара помош од граѓаните, потенцира Реџепи.