СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го кочи растот на платите на наставниците

„Деструктивната, безидејна и штетна, ВМРО-ДПМНЕ, го блокира законот, го кочи растот на платите на наставниците и стручните работници. Повеќе од три месеци пратениците на деструктивната ВМРО-ДПМНЕ во надлежната собраниска Комисија ги блокираат законските измени со кои на наставниците и стручните работници им се обезбедува постојан, континуиран раст на платите и подобар статус.

ВМРО-ДПМНЕ е против 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување, наставниот кадар во основните и средните училишта да има правна и економска сигурност.

Безидејната ВМРО-ДПМНЕ гази врз достинството на наставниците и делува на штета и на наставниците и на стручните соработници. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои ја опструираат работата на собраниската Комисија треба да се вразумат и наместо блокади да придонесат во реформите, затоа што наставниците и стручните соработници се најважната алка во воспитно-образовниот процес.

Послушниците на Мицкоски треба да знаат дека блокадите и деструктивноста нема да ги спречат реформите во интерес на граѓаните, наставниците и образовниот процес“, се наведува во денешната реакција од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.