СДСМ: Врвот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажни вести

LinkSense.mk

„Соочено со вистината, врвот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажни вести, пратениците да ги поддржат уставните измени кои го гарантираат идентитетот и носат членство во НАТО и ЕУ.  Раководството на ВМРО-ДПМНЕ соочено со вистината и со волјата на огромното мнозинство граѓани, шири само лажни вести.

„Граѓаните го кажаа својот став. 80 отсто од сите граѓани и над 90 отсто од оние кои гласаа на реферндумот, јасно кажаа дека се за иднина во ЕУ и НАТО“ порачуваат од СДСМ.

Од партијата со став дека „сега е време пратениците да ја оправдаат довербата која им е дадена токму од граѓаните и одговорноста да ја испочитуваат нивната волја, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат усвоени“.

„Со предлог измените се потврдува дека идентитетот, јазикот и македонската посебност се загарантирани и трајно заштитени. Со уставните измени не се губи ништо, туку напротив, се обезбедува иднина во ЕУ и НАТО со зајакнат македонскиот идентитет кој конечно станува признаен од целиот свет.

„Време е сите пратеници кои се за НАТО и ЕУ вклучително и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не подлегнуваат на притисоци и да гласаат по сопствено убедување, водејќи се и од одговорноста на пратеници избрани од граѓаните да ја испочитуваат мнозинската волја на граѓаните, кои се за влез во ЕУ и НАТО со заштитен и загарнтиран македонски идентитет“,  велат од партијата на СДСМ.