СДСМ: Започната е постапка за исклучување на Боро Стојчев од членство во партијата

LinkSense.mk

„Уште кога се случи тоа партијата го разреши Боро Стојчев од претседател на општинската организација на СДСМ во Ново Село. Започната е постапка за бришење за исклучување од партијата, бришење од евиденција односно отчленување од СДСМ“.

Ова денеска го соопшти пратеникот од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој порача дека „СДСМ како одговорна и државотворна политичка партија се водиме од принципите на почитување на правото и на законите“.

„Го повикуваме Боро Стојчев да си даде неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Ново Село. За нас, законите се закони и треба да бидат почитувани и од членството и од функционерите од било која политичка партија“ – рече Костадинов.