СДСМ: Мицкоски сака да ја украде иднината на младите

LinkSense.mk

„Иднина на младите е во Европската унија и секој што со своите дејствија го попречува европскиот пат работи директно против подобра иднина на младите македонски генерации. Христијан Мицкоски уште еднаш потврди дека е слаб, дека нема став ниту визија и дека целосно е во заложништво на Левица и Димитар Апасиев“, се вели во партиското соопштение на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.

Социјалдемократите велат дека опасниот популизам одвнатре, и анти-европската и пироманска реторика на Левица и Апасиев, станувале се посилни, а Мицкоски го имаат земено во целосно заложништво.

„Мицкоски не го бара она што е добро за младите, не го бара она што е добро за иднината на државата, тој само гледа како да не заостане зад Апасиев“, се наведува, меѓу другото, во соопштението.

„Апасиев и Мицкоски сакаат да им ја украдат иднината на младите, повторно да бидеме блокирани од ЕУ како во времето на Груевски, а економијата да ни крахира“, обвинуваат од владејачката СДСМ.

Вистинската закана за иднината на младите е попречувањето на европскиот пат на земјава, а тоа, истакнуваат, СДСМ никогаш нема да го дозволи, нема да дозволат земјата да тргне по тој пат. На младите, посочуваат, не им требаат опасни пиромани, туку сигурна европска иднина со нова економска визија.

Тие се децидни дека политиките и визија на СДСМ и Димитар Ковачевски се единствена реална и сигурна опција за иднината на младите.