СДСМ: На виделина е спрегата на Мицковски со Камчев!

„На виделина е спрегата на Христијан Мицкоски со тајкунот на режимот, Орце Камчев, обвинето лице во судски предмети, а од вчера и во притвор.

Тони Менкиновски е претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, човек близок на Христијан Мицкоски, а токму човекот на Мицкоски, кој често сме го гледале од партиската говорница на ДПМНЕ во белиот дворец, му е адвокат и го брани Орце
Камчев.

Истиот Менкиновски, беше главен „преговарач“ на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во разговорите за Законот за јавно обвинителство.

Уште тогаш велевме дека Мицкоски прави се за да пропаднат случаите на СЈО отворени пред македонските судови и да се спасат криминалците на режимот. И ова сега е потврда на тоа и на неговата улога.

Поставен на браникот на криминалот, токму Мицкоски во една јавно објавена снимка потврди дека е единствен којшто се бори против случајот „Империја“ и против Законот за Јавно обвинителство.

ВМРО-ДПМНЕ, не си ги бара парите 1,3 милиони евра, наводно украдени од донации за партијата, како што е наведено во предметот, туку го брани Камчев.

На оваа  партија, очигледно поважен и е Орце Камчев отколку сопствените финансии.

Јасна е поврзаноста меѓу Христијан Мицкоски и Орце Камчев.

Она што е важно е дека докажаниот губитник, Христијан Мицкоски, не успеа да го спречи носењето на Законот за јавното обвинителство, не успева ниту да ги одбрани криминалците во своите редови.

Правдата е тука, секој што го прекршил законот, мора да одговара“, се наведува во соопштението што Социјалдемократскиот сојуз го лиферуваше до јавноста.