СДСМ: Нема инфлација и ценовен шок, намалените цени на горивата демантираа уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 28 април 2020

Нема крај на лажните вести во креација на ВМРО-ДПМНЕ.

Последен случај од нивната ризница на лаги е дека со привременото зголемување на акцизата на горивата за три денари во државата ќе има ценовен шок и инфлација.

Најсилен демант за ваквата изјава на ВМРО-ДПМНЕ се новите цени на
горивата кои од денеска се продаваат по намалени цени.

Од 2.5 до 4 денари се намалени цените по литар гориво, односно се потврди прогнозата на Владата, кога ја воведе привремената акциза, дека цените на горивата ќе бележат тенденција на опаѓање и дека тие три денари воопшто нема да преставуваат финансиски товар ниту за граѓаните, ниту за компаниите.

Со ова е јасно дека во државата ќе нема ниту инфлација, ниту некакви
ценовни шокови, тоа е само лажна информација од ВМРО-ДПМНЕ, која има за цел да создаде страв кај граѓаните и да ја поттикне нивната недоверба во институциите кои во периодов посветено, одговорно и одлучно се спротивставуваат на здравствената и на економската криза.

Проверено е дека најефикасен лек против лагите е вистината, а вистината за привременото зголемување на акцизата е дека до септември во државната каса ќе се слеат дополнителни средства кои наменски и транспарентно ќе се потрошат за мерките за закрепнување на економијата, И вистина е дека кога цените на горивата ќе започнат да се зголемуваат трите денари од акцизата ќе се укинат.

Но, вистината секогаш ги боли во ВМРО-ДПМНЕ и затоа ова со инфлацијата и ценовниот шок не е прва лага, а сигурни сме дека не е ниту последена. ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ја злоупотребува здравствената криза и со лажни вести влева паника и страв кај населението.

Вистината е дека на ВМРО ДПМНЕ му пречат резултатите кои ги постигнуваат државните институции во справувањето со коронавирусот и успесите во надминувањето на економската криза.

Ако на тоа се надополни и европскиот успех на државата во време на коронавирус јасно е што ги прави очајни во ВМРО-ДПМНЕ и во недостаток на знаење, солидарност и зрелост, ним им остануваат лажните вести како
единствен начин на дејствување.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ