СДСМ: Обезбедуваме поголемa грижа за граѓаните и достоинствени услови за работа на здравствените работници

СДСМ како одговорна партија ги реализира мерките што го унапредуваат здравствениот систем, обезбедуваат подобри услови за лекарите и поголема грижа за пациентите.

Од овој месец целосно се укинати квотите за лекови во аптеките. Секој граѓанин сега кој било ден од месецот може да ги добие потребните лекови. Ставивме крај на редиците, на турканиците пред аптеките што беа редовна појава на почетокот на секој месец.

Ги реализаираме ветувањата за повисоки плати во здравството. Докторите сега имаат поголеми плати за 15 отсто. Повисоки плати имаат и медицинските сестри и техничкиот персонал, а таквиот тренд на раст на платите ќе продолжи и во иднина.

За првпат, Владата предводена од СДСМ обезбеди средства за приватните специјализанти и одобрени се 931 специјализација за четири годишниот период.

Правиме се за здравствените работници да останат во јавното здравство.

Веќе од наредниот месец, следува зголемување на бодот за капитација кај матичните лекари, стоматолози и гинеколози. Со тоа исправаме долгогодишна неправда кон матичните лекари и обезбедуваме повисоки примања.

Паралелно на тоа, инвестираме во изградба и реновирање на болници и здравствени домови, вложуваме во нова опрема и нови возила.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која 11 години го урнисуваше здравството заради остварување на лични бизнис интереси на поединци, денес градиме ефикасен, модерен систем на здравствена заштита.

На прав пат сме. Продолжуваме со реализација на мерките што го унапредуваат здравствениот систем, обезбедуваат поголемa грижа за граѓаните и достоинствени услови за работа на здравствените работници.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ