СДСМ: Отворените врати за членство во ЕУ и НАТО носат повеќе пари

LinkSense.mk

Во првото полугодие од годинава забележан е рекорден влез на странски директни инвестиции во Македонија од 327 милиони евра, соопштуваат од СДСМ и додаваат дека тоа е за трипати повеќе во однос на истиот период од минатата година.

-Забележан е раст  на извозот од технолошко индустриските развојни зони за 17 отсто во споредба со ланскиот период од првото полугодие. Зголемен е бројот на работници во индустријата за 7,2%. Сето ова покажува дека трендот на инвестирање во индустријата во Македонија е со забрзано темпо, економијата е поставена на стабилни основи и Планот за економски раст дава резултати, се вели во соопштението.

Придобивките од започнатиот процес на интегрирање на земјава во НАТО И ЕУ веќе се чувствуваат.

Отворените врати за членство во ЕУ и НАТО и успешните економски политики носат повеќе пари. Овие придобивки дополнително ќе се интензивираат со влезот на Македонија во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ, процеси што ја зголемуваат довербата во македонската економија и носат повеќе странски инвестиции и нови работни места.

Од СДСМ ги повикуваат сите граѓани да ја искористат историската шанса, да излезат и да заокружат „за“ повисоки плати, економски раст и „за“ европска Македонија со развиена економија.