Северна Кореја повторно истрела балистички проектил

LinkSense.mk

Северна Кореја лансираше од својот источен брег најмалку еден балистички проектил, соопштија официјални лица од Јужна Кореја и Јапонија.

Во случајов станува збор за најново тестирање на оружје на Северна Кореја, која продолжува со воениот развој и покрај меѓународните санкции кои и се наметнати заради нејзините програми за нуклеарно и ракетно вооружување.

Еден балистички проектил е лансиран околу 10.17 часот по локално време недалеку од Сипоа, водечкото средиште на севернокорејската воена индустрија, каде што се наоѓаат подморници и опрема за тестирачко истрелување на подморнички балистички проектили. Северна Кореја од ова подрачје истрелала и други видови ракети.

Нашата војска внимателно ја следи состојбата и ја задржува полната подготвеност тесно соработувајќи со Соединетите Американски Држави за да се подготви за можни дополнителни лансирања“, соопштија од седиштето на јужнокорејските воени лидери.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида рече дека се детектирани две балистички ракети, утврдувајќи дека е жално што Северна Кореја последниве недели спроведува тестирање на неколку видови проектили.

Претставници на стотина меѓународни фирми и меѓународни вооружени сили се собраа во Сеул на свеченото отварање на Меѓународната изложба на воздухопловството и одбраната, најголемиот јужнокорејски саем на воена опрема, на кој се претставуваат борбени авиони од новата генерација, јуришни хеликоптери, безпилотни летала и друго напредно вооружување, како и вселенски ракети и цивилни авиони.

Во Сеул се состануваат и шефовите на разузнувачките служби на Америка, Јужна Кореја и Јапонија за да, меѓу останатото, разговараат за состојбата со Северна Кореја, извести новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на извор од владата.

Јужна Кореја се подготвува во четврток да ја тестира свпојата прва ракета-носач за во вселената од домапно производство.

 

 

 

(Фото: ЕПА)