Северна Македонија испраќа армиски вод во КФОР на Косово

Владата на денешната 78. седница ја усвои Информацијата за учество на Република Северна Македонија во мисијата на НАТО во Косово–КФОР.

„Владата го задолжи Министерството за одбрана да преземе потребни мерки и да ги регулира сите прашања со надлежните институции на НАТО и КФОР, за распоредување на единица во јачина на еден вод и штабен персонал (вкупно до 45 лица) во операцијата КФОР на Косово до крајот на 2020 година, и да ја извести Владата за преземените мерки во врска со учество на Република Северна Македонија во операцијата на НАТО во Косово–КФОР најдоцна до 15.12.2020 година“, се наведува во соопштението од владината прес-служба.