Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година

ноември 12, 2026

Нови правила за патување во Европа од 2027

ноември 12, 2026

Полицијата од сабота ќе казнува по 45 евра: Неподготвени не седнувајте зад волан

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
  • Полицијата од сабота ќе казнува по 45 евра: Неподготвени не седнувајте зад волан
  • Македонија има најскап гас во Европа според куповната моќ
  • Силна атлантска бура „Чарлс“: Португалија ги затвори речиси сите училишта и јавни служби
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Северна Македонија и Португалија првпат почнуваат соработка во одбраната
Македонија

Северна Македонија и Португалија првпат почнуваат соработка во одбраната

јули 23, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сојузништвото во НАТО ги јакне одбранбените врски меѓу Северна Македонија и Португалија, беше посочено на синоќешната средба на министрите за одбрана Радмила Шекеринска и Жао Гомеш Кравињу во Лисабон, каде делегација од Министерството за одбрана (МО) и од Армијата предводена од министерката е во дводневна официјална посета.

Како што информираат од МО, заблагодарувајќи се на поканата за посетата Шекеринска изрази надеж дека Договорот за билатерална соработка во одбраната наскоро ќе биде потпишан и дека двете држави ќе имаат успешна соработка.

„Португалија беше меѓу првиот бран држави кои ја почнаа ратификацијата на протоколот за наш прием во НАТО, што го сметаме за исклучително пријателски чин и политичка волја за поддршка на Северна Македонија.

Уверена сум дека тоа создаде добра основа да развиваме искрена и плодна соработка како сојузници во Алијансата, рече Шекеринска на средбата.

Министерката го запозна португалскиот колега со плановите за воена интеграција на земјава во НАТО која треба да заврши до крајот на оваа година, како и со можностите кои ги нуди воениот полигон Криволак кој го развиваме како домашен и капацитет на Алијансата.

Министерот Кравињу го потврди интересот за воспоставување Договор за билатерална соработка и рече дека Португалија високо ги цени постигнувањата на земјава на планот на членството во НАТО и придонесот што го дава во регионалната безбедност и стабилност.

Тој ги поздрави заложбите за почеток на преговори со ЕУ на нашата земја и истакна дека местото на земјите од Западен Балкан е во ЕУ.

Двајцата министри договорија заеднички вежби на специјалните сили, и поголема соработка во сајбер одбраната за што министерот Кравињу изрази подготвеност да дадат поддршка и преку програмата PESCO чии активности ги координира Португалија.

Делегацијата на Министерството за одбрана и Армијата ја посети и Командата за здружени операции – оперативно седиште за НАТО, ОН и ЕУ мисии во странство, каде имаше брифинг и разговори со началникот на Генералштабот на Португалските вооружени сили, адмирал Антонио Силва Риберо. Исто така ги посети и НАТО академијата за комуникации и информации, како и воената школа за обуки и тренинзи за странски мисии, пешадија, механизирани единици и артилерија.

Шекеринска беше дочекана од португалскиот колега со највисоки почести и свечена церемонија на која интонирањето на нашата државна химна беше проследено со почесни плотуни од страна на воената морнарица во чест на доаѓањето на министерката.

актуелно одбрана Португалија северна македонија сорабо9тка
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година

ноември 12, 2026

Нови правила за патување во Европа од 2027

ноември 12, 2026

Полицијата од сабота ќе казнува по 45 евра: Неподготвени не седнувајте зад волан

ноември 12, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.