Севернокорејски хакери лани украле 400 милиони долари

LinkSense.mk

Северна Кореја лани изврши седум напади на платформи за криптовалути и извлече дигитални средства во вредност од речиси 400 милиони долари, објави Ројтерс.

Од 2020 до 2021 година, бројот на хакерски напади поврзани со Северна Кореја се зголеми од четири на седум, а вредноста на извлечените средства скокна за 40 отсто“, се вели во извештајот на експертите на „Чајналисис“ (Chainalysis).

Кога Северна Кореја ја презеде контролата врз средствата, започна внимателен процес на перење пари за да ги прикрие и да ги претвори во реални пари“, се додава во извештајот.

Експертите на Обединетите нации кои ги надгледуваат санкциите кон Северна Кореја го обвинуваат Пјонгјанг за кражба на фондовите што се користат за финансирање на нуклеарни и балистички програми.

Северна Кореја претходно негираше дека има хакирање.

Минатата година, Соединетите Американски Држави обвинија тројца севернокорејски програмери, кои работат за државната разузнавачка служба, за повеќегодишна кражба вредна 1,3 милијарди долари, во пари и криптовалути, оштетувајќи компании и банки, па дури и холивудско филмско студио.

Чајналисис“ не ги именуваше целите на хакерските напади.

Повеќето од минатогодишните напади веројатно ги изврши групата „Лазарус“, која е под санкции од САД, а ја контролира главната севернокорејска разузнавачка служба.

 

 

 

 

 

(Фото илустрација – ЕПА)