Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Седум градови имаат трицифрен број на активни случаи на КОВИД-19
Во Фокусот

Седум градови имаат трицифрен број на активни случаи на КОВИД-19

август 22, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од 115 новодијагностицирани на КОВИД-19 во изминатите 24 часа, најмногу се од Скопје (32), а двоцифрен е бројот и во Штип–14, Гостивар–11 и во Тетово–10.

Помалку од десет новозаразени имаат 13 општини: по осум случаи се во Дебар и Берово, седум во Куманово, четири во Свети Николе, по тројца во Делчево, Охрид, Гевгелија, Крива Паланка и Кичево, двајца во Прилеп и Велес и по еден нов случај во Кочани и Пробиштип.

Во здравствениот билтен вчера за поминати 24 часа, регистрирани се тројца починати пациенти–двајца се од Скопје на 62 и 68 години и еден од Струга, исто така на 68 години.

Институтот за јавно здравје бележи и 225 оздравени пациенти, од кои 146 се од Скопје.

Со новопотврдените на коронавирусот, вкупно 13 308 се дијагностицирани од почетокот на епидемијата во земјава пред речиси
шест месеци.

Оздравени се 9977, починати 557.

Активни на вирусот се 2774 случаи, од кои 833 се во Скопје, а трицифрен е бројот во уште шест градови–298 во Гостивар, 294 во Куманово, 252 во Штип, 160 во Тетово, 136 во Струга и 113 во Кичево.

Од скопските општини, трицифрен е бројот во Чаир (114) и Гази Баба (103), а висок број (99) активни случаи има и во Аеродром.

По неколку дена затишје, кога немаше новозаразени или беа само по еден или два случаја, повторно се зголеми бројот на новозаразени во Дебар.

Во изминатото деноноќие КОВИД-19 во оваа опшина е потврден кај осум лица, со кои досега во овој месец се дијагностицирани 38.

Општинскиот оперативен штаб, според кој порастот се должи на непочитување на препораките за заштита во угостителските објекти, на плажите на Дебарското Езеро и во домовите каде што има групирања за разни поводи, апелираше да се избегнуваат собирања и строго да се почитуваат мерките.

Пораст на новозаразени во 24 часа има и во Берово и Делчево, вкупно 11.

Осум се во Берово од каде што надлежните соопштија дека имаат досега најголем број заболени на дневно ниво.

Повеќето од нив се во добра состојба, но има и пациенти кои се лекуваат во болнички услови.

Со новите позитивни, во Пијанечко-малешевскиот регион има 37 активни случаи, од кои четири се од општините Македонска Каменица и Пехчево.

Тројца нови се регистрирани и во Крива Паланка, што е најголем број на новодијагностицирани во едно деноноќие во оваа општина од почетокот на епидемијата.

Еден од нив е здравствен работник, што е и прв случај на медицинско лице заболено од вирусот во оваа општина каде што вкупно активни сега се десет.

Според новите правила кои ги донесе Министерството за здравство на Србија, македонските државјани од вчера веќе не мора да приложат ПСР-тест при влез во Србија доколку само поминуваат низ нејзина територија.

Периодот на транзитирање е ограничен на 12 часа од моментот на преминување на границата.

Влез во земјата за македонски државјани е дозволен доколку се поседува негативен ПСР-тест за присуство на коронавирус, не постар од 48 часа од датумот на издавање, издаден од референтната лабораторија.

Во Уредбата објавена во Службен весник на Србија, која се применува од вчера, се наведува дека Северна Македонија, Бугарија, Романија и Хрватска се сметаат за ризични земји.

актуелно Ковид-19
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.