Хакери ја испразнија сметката на пратеничка на грчка СИРИЗА

LinkSense.mk

Секретарката на пратеничката група на грчката опозициска партија СИРИЗА и поранешна министерка, Олга Геровасили, пријави хакерски напад, како на нејзините пратенички банкарски сметки од кои ѝ биле одземени пари, така и на нејзините профили на социјалните мрежи.

Геровасили во писмената изјава посочи дека „во продолжение на скандалот со прислушувањето од страна на центарот за следење на Националната разузнавачка служба – Предатор“, на чиј мета, како што вели, била и таа лично, а за што веќе има преземено правни дејствија, сега била жртва на електронски напад.

„Моите пратенички банкарски сметки веќе се хакирани и одземени се пари, а исто така хакирани се и моите социјални мрежи. Веќе ги презедов потребните дејствија пред надлежните органи за откривање на виновниците“, рече Геровасили.

Од Министерството за заштита на граѓаните на Грција соопштија дека надлежниот министер, Такис ​​Теодорикакос, имал телефонски разговор со пратеничката на СИРИЗА, а во политичката канцеларија на Геровасили бил испратен тим од секторот за борба со електронски криминал за целосно расветлување на случајот.