Серена Вилијамс по 10 пат во финалето на Вимблдон

LinkSense.mk

Американската тенисерка Серена Вилијамс се пласираше во финалето на Вимблдон откако во полуфиналниот меч ја совлада Германката Јулија Гергес со 6:2 и 6:4.

Дуелот меѓу Вилијамс и Гергес, меѓу 181-та и 13-та тенисерка на светот, траеше само 70 минути.

Некогаш најдобрата тенисерка на светот така се пласираше во своето десето финале на Вимблдон и ќе се бори за осмата титула на тој турнир, а за својот вкупно 24 грен слем трофеј.

Нејзина противничка на тој пат ќе биде уште една германска тенисерка, Анџелкик Кербер. Моментно десетата на ВТА листата, Кербер, вчера беше подобра од Летонката Елена Остапенко.

Вилијамс и Кербер до сега се состанувале осум пати, а далеку посушешна е Американката која има шест победи.

Финалето е на програмата во сабота.