Серена Вилијамс ќе се мажи

Најдобрата тенисерка на светот, триесет и петгодишната Серена Вилијамс ги изненади фановите, кога на сајтот „Reddit“ објави вест дека се мажи.

Имено, причината радосната вест да ја сподели токму на овој сајт лежи во фактот дека Серена се вери за Алексис Оханијан, триесет и тригодишен Американец, еден од основачите на „Reddit“.

„Реков ДА“, напиша идната невеста покрај фотографијата која ја објави на „Reddit“.

serena-2

А, како што пишуваат странските медиуми, Алексис ја запросил Серена на романтичен одмор во Рим, каде што и се запознале, додека неименуван извор тврди дека тоа го сторил на истото место, односно во истиот ресторан каде што прв пат вечерале заедно.

Серена Вилијамс и Алексис Оханијан
Серена Вилијамс и Алексис Оханијан