Серија земјотреси во близина на Крит

Два земјотреси со интензитет од 5,1 и 5,2 степени според Рихтеровата скала и неколку помали од четири степени беа регистрирани во текот на ноќта и рано утрово во морскиот дел североисточно од грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, првиот земјтрес од 5, 1 степен бил во три часот и 30 минути, по што следеа три други меѓу 4 и 4,4 степени, а по нешто помалку од четири часа и вториот со интензитет од 5,2 степени.

Засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.