Повеќе од 40 лица се повредени кога се запали патнички авион на меѓународниот аеродром „Џингбеј“ во Чунгкинг, југозападна Кина, соопшти управата на аеродромот.
„Сите 113 патници и девет членови на екипажот се безбедно евакуирани од авионот. Повеќе од 40 лица се полесно повредени и пренесени во медицинските установи, каде што се згрижени“, се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата „Веибо“.
Настанот се случил утринава, околу 8.09 часот по локално време, при полетување. Според некои информации, авионот бил оштетен во инцидент.
(Фото: Танјуг/АП)