Се намалува бројот на заразени и починати на глобално ниво

LinkSense.mk

Бројот на заразени со коронавирус и смртни случаи од последиците на инфекцијата на глобално ниво продолжува да се намалува втора недела по ред, покажуваат најновите податоци на Светската здравствена организација.

Во последниот извештај на СЗО за пандемијата се наведува дека девет милиони луѓе биле пријавени заразени, што е за 16 отсто помалку од една недела порано. Пријавени се повеќе од 26 000 смртни случаи од ковид-19.

Бројките се намалуваат во сите делови на светот.

Сепак, СЗО предупредува дека бројките можеби не ја одразуваат реалната ситуација, бидејќи многу земји престанаа да тестираат за коронавирус.

Тие апелираа и до државите да не ги укинуваат нагло санитарните мерки.