Се огласи Путин после вакцинацијата: „Добар сум!“

Претседателот на Русија, Владимир Путин, откри во емисијата ТВ „Русија 1“ дека после вакцинацијата против вирусот корона очекувал некои несакани реакции.

Како што рече, на наткасната покрај креветот за секој случај си ставил топломер.

Путин вакцината ја примил на 23 март, а се поминало без камери и медиуми. Не се открива која од трите руски вакцини ја примил шефот на руската држава.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по вакцинацијата изјавил дека претседателот се чувствувал добро, а самиот Путин најави дека, откако ќе му се развијат антитела, ќе ја прошири својата агенда и ќе продолжи со состаноците.