Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Се поблиску до НАТО, неизвесно за ЕУ
Политика

Се поблиску до НАТО, неизвесно за ЕУ

октомври 17, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Додека трае неизвесноста дали ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, без застој продолжува процесот на ратификација на Протколот за пристапување во НАТО.

Уште две земји – Италија и Велика Британија вчера дадоа зелено светло за влез на Северна Македонија во Алијансата.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб на Твитер објави дека го потпиша Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, со што досега 24 од 29 земји-членки го завршија процесот на ратификација.

Раб истакна дека со нетрпение очекува Северна Македонија и официјално да стане дел од НАТО на на состанокот на лидерите на Алијансата во Лондон.

Неколку часа претходно Протоколот беше ратификуван и во италијанскиот Сенат.

Оваа недела за Протоколот треба да се изјасни Националното собрание на Франција, а процесот треба да заврши и во Холандија и Исланд.

Според праксата досега вообичаено е Сенатот на САД последен го ратификува, но
поради ситуацијата во Шпанија, се уште не е познато кога ќе биде закажана седницата на Горниот дом на американскиот Конгрес.

Очекувањата се дека Протоколот ќе биде ратификуван и со тоа членството во НАТО ќе се официјализира пред Самитот на Алијансата, закажан за 3 и 4 декември во Лондон.

Останува отворено само прашањето дали тоа пред Самитот ќе се случи во шпанскиот Парламент.

Двата дома на Парламентот се распуштени.

Изборите се закажани за 10 ноември, а доколку се помине како што треба новиот состав на Парламентот би се конституирал на 3 декември.

За разлика од НАТО, останува неизвесен исходот за датум за преговори со ЕУ.

Франција засега не отстапува од ставот дека е прерано за преговри со Северна Македонија и Албанија.

Францускиот претседател Макрон по синоќешната средба со германската канцеларка Ангела Меркел кажа дека Скопје и Тирана треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ.

Оцени дека двете земји направиле значителен напредок во домашните реформи, но тоа, засега, не е доволно.

За разлика од него, Меркел оцени дека има уште малку простор до денеска попладне кога ќе заседава Советот на ЕУ, двете земји да се усогласат за преговрите со Северна Македонија и Албанија.

„Ја споделувам истата геополитичка и стратешка визија со германската канцеларка. Сакам да испратам позитивен сигнал до овие лидери, но сериозно погледнато сега јас морам да им порачам: овојпат нам ни е потребно малку повеќе време за да ги средиме работите“, рече Макрон.

Канцеларката Меркел ги релативизираше тезите дека меѓу двете земји постои судир околу перспективата на Албанија и Северна Македонија.

И Берлин и Париз се согласни дека на земјите од Западниот Балкан им е потребна ЕУ перспектива.

Процесот мора да се направи потранспарентен и реверзибилен, согласна е Меркел, но додава дека остануваат само неколку „различни нијанси“.

Двете страни оставија време до почетокот на Самитот на ЕУ да размислат како да најдат заедничка позиција на самитот на ЕУ, која, како што наведе Меркел, треба да бидат прифатливи и за другите ЕУ-членки.

Во пресрет на денешниот состанок на лидерите на ЕУ, апел до нив упати премиерот Зоран Заев.

„По се што направивме убедени сме дека треба да добиеме одлука за почеток на пореговорите со ЕУ сега и веднаш. Подготвени сме за тоа политички и институционално. Секое одложување ќе биде прочитано како негативна одлука и ќе има многу негативни ефекти, високо ниво на разочарување кај граѓаните и кај сите кои го поддржаа спроведувањето на Договорот од Преспа“, порача Заев на зедничката прес-конференција во Брисел со еврокомесарот за проширување Јохаен Хан.

Потсети дека спроеведувањето на Преспанскиот договор е поврзано со отворањето на поглавјата за ЕУ.

„Сакам добронамерно да предупредам дека ако не се испорача очекувана заслужена позитивна одлука за преговори, кредибилитетот на ЕУ и довербата на нашите граѓани може да бидат ставени под знак прашање. Тоа ќе ги засили регресивните сили во земјата и интересот на трети страни во регионот. Затоа лидери на ЕУ не ги гаснете светлечките ѕвезди кон кои се стремиме, немојте да станувате наша пречка, бидете
нашите херои“, нагласи Заев.

Заеднички апел до лидерите на земјите членки на Европската Унија да дојдат до консензуално решение за почетокот на преговорите за Северна Македонија, беше упатен и на средба на Заев со претсрдателот на Евроскиот совет Доналд Туск.

Беше заклучено дека Република Северна Македонија и граѓаните ги исполниле сите услови за донесување одлука за почеток на преговори правејќи храбри чекори и сериозни реформи.

Во меѓувреме продолжуваат бројните предупредувањата за последиците од можното одложување на одлуката за преговори со Северна Македонија и Албанија.

Претседателот на ЕП Давид Сасоли, Партијата на еропските социјалисти, ЕПП, Партијата на зелените, поранешниот шведски премиер и специјален пратеник за поранешна Југославија Карл Билт, шефицата на бугарската диломатија Екатерина Захариева, германскиот државен министер за Европа Михаел Рот, политичкиот аналитичар и експерт за Балканот Флоријан Бибер и други актуелни и поранешни
политичари, предупредија дека со одбивањето да определи датум за почеток на преговорите со Скопје и Тирана, ЕУ се соочува со можен колапс на нејзината политика и кредибилитет на Балканот.

Укажуваат дека тоа би било лош пример за сите во регионот, може да доведе до
дестаблизација и отворање простор за трети страни, пред се за Русија, Кина и Турација.

актуелно ЕУ НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.