Се прекинува Евролигата!?

LinkSense.mk

Денес ќе се одржи состанок на претставници на 13 клубови со повеќегодишна лиценца за Евролига, јавува порталот Баскет њуз (Basket news).

На тој собир сериозно ќе се разгледува можноста за прекин на тековната сезона.

Причината за тоа е влошената епидемиолошка состојба ширум европските земјуи, предизвикана од вирусот корона.

Токму поради тие причини, неколку средби веќе се одложени во ова натпреварување, бидејќи клубовите немаат доволно играчи.

Имено, оваа пауза би траела неколку недели.

За да не се преземе веднаш радикална мерка, се размислува за намалување на периодот на изолација, од сегашните 14 на 7 денови.

Ќе бидат разгледани сите можни опции, а според распоредот Евролигата треба да продолжи на 6 јануари.