Се тресеше тлото во Бугарија, потресот се осети и во Грција

Земјотрес со јачина од три степени забележан е на југозападот на Бугарија, на бугарско-грчката граница, соопшти денес Институтот за геофизика, геодезија и географија при Бугарската академија на науките.

Земјотресот се случил во 15.20 часот по локално време, а епицентарот му беше на 22 километри од Серес во Грција и 23 километри од Петрич во Бугарија, на длабочина од четири километри, пренесува БТА.

Засега нема информации за причинета материјална штета.